Утре со почеток од 6 часот наутро да го блокира булеварот „Илинден“ од семафорите кај Владата до семафорите кај МИ-ДА во двата правци, одлучи Координативното тело на приватните превозници.

200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското собрание за да види градоначалничката Данела Арсовска дека тие имаат многу повеќе возила отколку што таа тврди

Меѓутоа, ќе се блокираат само десните ленти од коловозот, соопшти денеска на прес-конференција Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

Ова од причини што од фестивалот „Златно славејче“ го информиралче Јовановски дека утре по три години ќе се одржи фестивалот и дека ќе доаѓаат луѓе од сите градови, па ги замолил да го одложат протестот.„Ја имаме предвид молбата од директорот на фестивалот ‘Златно славејче’, не можете да останете рамнодушни на вакви барања, информираше Јовановски.

Дали протестите и блокадите ќе продолжат за време на викендот, Јовановски не кажа, но нагласи дека секако ќе продолжат од понеделник ако нема решение на проблемот и дека тие ќе се радикализираат.

„Ако нема решение, во понеделник овие 200  автобуси ќе се прегрупираат и ќе го блокираат сообраќајот од 6 часот наутро, ќе има целосна блокада на раскрсницата кај „Мавровка“, на раскрсницата кај „Црвен крст“ и на улицата Илинденска, додаде тој, рече Јовановски.

„Можеби ќе се засилат и ќе се радикализираат протестите“, рече Јовановски.