Приватните превозници три месеци без примања – најавуваат протест

Приватните превозници во вторник ќе одлучат дали ќе продолжат со работа или повторно ќе излезат на улица да протестираат.

Според информации на Телма тие три месеци се без примања.

Како што се дознава, им било ветено дека советниците на Град Скопје на седница во вторник ќе ги изгласаат субвенциите за ЈСП со кои би се покрил и долгот кон приватните превозници.

Приватните превозници пред околу половина година почнаа повторно да сообраќаат и да ги опслужуваат граѓаните откако се договорија со Арсовска да им ги исплати средствата кои ЈСП им ги должел претходните години и им вети дека ќе им даде субвенции со кои ќе треба да го обноват возниот парк.

Тие субвенции до сега не ги добија.