Приватните превозници во понеделник најавуваат протест пред седиштето на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда.

Протестот е закажан за во 9 часот, со, цел на средба со дирекорот на ЈСП Александар Стојковски да си ги побараат средствата што им ги должи ова јавно претпријатие информираше Милорад Димитријевски, еден од сопствениците на „Макекпрес“ за „Вечер“.

Според Димитриевски, минатата недела на „Слобода превоз“ од ЈСП им биле префрлени само 5.000 денари, а по кој основ не знаеше да каже, додека на „Макекспрес“ ид 02.11.2022 година кога било последното исплаќање не им било даден ниту денар.

Димитријевски вели дека контролата од УЈП во нивното претпријатие утврдила дека ЈСП им должи 29.590.000 денари.

Како што претходно изјави Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“ и контролата на УЈП кај нив полажала оти ЈСП им должи и ним над милион евра иако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврдеше оти немаат долг кон ЈСП.