По најавата на приватните превозници дека денеска ќе ја блокираат централата на ЈСП во Автокоманда, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ синоќа ги префрли своите автобуси во Транспортниот центар под Железничката станица, јави Телма.

Хаосот со јавниот превоз во Скопје почна пред еден месец, кога вработените на ЈСП „Скопје“ излегоа на протест поради неисплатени плати, а главниот град за прв пат во историјата цел ден остана без јавен градски превоз.

По ЈСП, со работа престана приватниот превозник „Макекспрес“ поради неисплатен дол од ЈСП, а од понедленикот, оваа неделава од иститите причини престанаа да сообраќаат и автобустите на другиот приватен превозник „Слобода превоз“.