Автобуси на приватните превозници синоќа останаа паркирани на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, на крстосницата кај Црвен крст и на Илинденска кај бараките на Градското собрание а протестот продолжува и денеска, втор ден, со најава дека ќе трае додека не се најде решение со градоначелмниката Данела Арсовбска околу долгот на градот кон компшаниите „Макекспрес“ и “Слобода превоз“.

Блокадите ќе останат на постојните места сè додека не се седне на маса и не се најде решение согласно законот и одлуката на Град Скопје.

Од Град Скопје највија дека денеска на прес-конференција ќе излезат со свој став.

Вчера министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во телевизико гостување рече дека решение за проблемот на приватните превозници постои и дека Советот на Град Скопје може да свика седница и да и наложи на градоначалничката од одредена ставка на буџетот да го исплати долгот од над 1,5 милиони евра.

Според Пенов исто така насилно може да се тргнат автобусите од улиците, но додаде дека , се уште не се исцрпени сите можности за решение.