Протестот на приватните превозниц и започна во 7 часот и како беше најавено 30 автобуси целосно ја блокираат крстосницата кај Мавровка во сите правци, односно булеварот „Гоце Делчев” и булеварот „Крсте Петков Мисирков”.

Од 7 наутро до вечер автобусите ќе бидат паркирани на оваа крстосница.

Планирана е средба со управниот одбор на ЈСП на која очекуваат да дојде и директорот на ова претпријатие.

Приватниците најавија дека ќе присуствуваат и на утрешната седница на советот на Град Скопје за да ги слушнат одговорите зошто Град Скопје не им го исплаќа долгот и каде завршиле нивните пари.

Град Скопје им должи над милион и пол евра на приватните превозници од „Слобода превоз“, кои цела недела во знак на револт се исклучија од градските линии. Арсовска по ова ги обвини за криминал, рече дека наплаќале билети без да ги пријават и не прифати средба со нив.

На почетокот на ноември, од сообраќај од истите причини се исклучија превозниците на „Макекеспорес“.

Градоначалничката Данела Арсовска одби средби со превозниците.