Приватна фирма за милион евра 2 зими ќе го чисти снегот во Скопје

Град Скопје склучи договор со приватна фирма за ангажирање на специјални возила за зимско одржување на сообраќајници на територија на Град Скопје.

Тендерот тежок речиси 65 милиони денари е склучен пред два дена, а го добила фирмата НЕКСОС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, како единствена пријавена на јавниот повик.

Предвидено е со оваа сума да бидат покриени две зимски сезони.