Во селото Могорче општина Дебар во просторот на основното училиште се врши бесправен ископ за гаражни место од страна на лицето Раим Јашароски, тврдат повеќе жит ли на ова реканско село.

,,Истото лице веќе подолго време покажува некој документ со печат кој му бил наводно издаден од страна на директорот на гимназија Рамадан Имери.
За појаснување, просторот кој што се гледа на сликите е простор кој што го владее повеќе од 60 год основното училиште и едната зграда сеуште ја користи основното училиште, додека зградата која е изградена на местото на поранешните бараки кои исто така беа во сопственост на основното училиште пред 6-7 год е изградена за потребите на гимназија Здравко Чочковски.

Сега се прашуваме како може да се вршат ископ во место кое е сопственост на основното училиште од приватно лице кое за истиот тој ископ нема дозвола за градба од страна на општината, и неможе да ја има затоа што тоа не е приватно земјиште туку сопственост на државата.

Горе споменато лице за истата оваа активност покажува некаков си договор кој наводно му го дал директорот на гимназијата и во истиот имале напоменато дека лицето пет години е ослободено од плаќање , а после наредните пет ќе требало да плаќа по 20 ЕУ месечно.

За случајот запознат е и директорот на основното училиште Ристе Ристески – Шанија Ајроски кој воопшто не реагираше за тоа, исто така запознат е и директорот на гимназија како и градоначалникот на општина Дебар Хекуран Дука.

Бараме да се реагира преку медиумите да стапат во контакт со надлежните институции и да се стопира оваа бесправно дејствие”, се вели во писмото до expres.mk од загрижени граѓани на с.Могорче.