Двајцата осомничени 32-годишници од село Велешта, на 16 септември по полноќ, влегле во полициската станица во Струга додека друго лице поднесувало пријава против нив.

Тие со спреј-солзавец почнале да го прскаат пријавителот во присуство на неколкумина полициски службеници.


Веднаш потоа осомничените ги нападнале и полицајците, започнале да ги влечат и да се обидуваат да им го одземат службеното оружје, дознава ТВ21

Двајцата осомничени биле совладани, но продолжиле упорно да се обидуваат да се ослободат и да побегнат од станицата.

По настанот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор.