Група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Националендемократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, пристигнаа денеска во Скопје.

Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти.

Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош.

Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.