На северната хемисфера на Земјата утрово во 3:03 часот официјално започна есента која ќе трае до 21 декември кога во 12:07 часот ќе започне зимата.

За првиот ден од есента која започна со студено утро, а во текот на денот во земјава се најавува променливо облачно време со локален слаб дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, пак, според најавите, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Минималната температура во државата ќе се движи од 1 до 10 степени, а максималната од 14 до 22, додека во главниот глас таа ќе се спушти до 5, а најмногу ќе достигне 20 степени.

Во текот на викендов утрата исто така ќе бидат студени, но се очекува дневната температурата да биде во пораст.