Утрово пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила.

Втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Австрија испрати 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки како помош за Македонија во справување со пожарите.

Досега во земјава помош за гаснење на пожарите е пристигната од Србија, Словенија и Бугарија.