Преку Амбасадатата на Косово во Макдонија дојде уште едно барање за посета на кумановската група позната по познатиот „инцидент“ во кумановско „Дивио насеље“, па дури и барање, осудениците за тероризам – казната да ја отслужуваат во Косово.

Ден претходно, познатиот косовски новинар Вехби Кајтази вели дека таканаречената „Кумановска група“, односно косовските државјани кои ги предизвикаа крвавите инциденти во мај 2015 година во кумановско Диво Насеље, се злосторничка банда и немаат никаква врска со правата на Албанците во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Тоа е злосторничка банда, која вооружена до заби заминала таму и влегла во Куманово… Да не се правиме сега опортунисти и да прашуваме дали се терористи или не. Тие заминале во друга држава вооружени од Косово и нивните водачи зеле пари, за што излегоа докази, околу три милиони евра од македонската служба. Тие водачи барале пари, а некои од групата навистина не знаеле каде одат“, вели Кајтази.

Тој тврди дека акцијата на групата немала никаква врска со националните права на Албанците во Македонија.

„Кои слободи и права на Албанците и кои се тие за да ги решаваат тие права! Заминале таму 30-40 или 50 лица и ќе ги решавале правата! Оставете ги тие работи, тоа е опортунизам и политика што го прават тие (политичарите). Длабоко во себе мнозинството мислат вака…

Тие (кумановската група) се криминална банда која заминала во (Северна) Македонија, се борела со македонските полициски сили, меѓу нив и Албанци, загинаа осуммина полицајци, како и некои други лица и овој случај е затворен со децидна судска одлука. Случајот е во македонскиот Врховен суд и како што ќе одлучи тој суд ние треба да му веруваме“, изјави Кајтази.

Според новинарот , кој е и главент уредник на порталот „Инсајдери“, Ахмети по барање од тогашниот премиер Никола Груевски бил испратен во Приштна да ја спречи акцијата на според Кајтази, криминалциците.

„ Дојде Али Ахмети, се сретна со Рамуш Харадинај и го предупреди дека една вооружена група се движи натаму, но не добил одговор. Рамуш нé слуша, нека каже дека не е така. Се сретнал и со Хашим Тачи, кој не е тука, се сретнал и со Кадри Весели и со премиерот Иса Мустафа. Сите тие барале решение, затоа што вооружена група од Косово заминала таму и предизвикувала безредија“, тврди Кајтази.