Природна или човечка катастрофа и се случува на најголемата македонска хидроакумулација?

Ова е првото прашање откако човек ќе ја види состојбата со Дебарското езеро кое практично исчезна во голем дел од својата површина.

Она што е пострашно е што Дебарското езеро исчезнува во дождлив период во кој треба да е полно и поради топење на снеговите од околните планини и најдојдената река Радика која носи голема количина вода во овој период од годината.

Што ќе се случува со езерото на лето кога Радика намалува и нема дождови може само да се претпостави затоа што водостојот во езерото зависи најмногу од браната Шпиље каде се произведува струја.

Засега очигледно луѓето во ЕЛЕМ каде се решава за хидроакумулациите не се загрижени за природната катастрофа во ова езеро.