Добротворната фондација на британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, добила 1 милион фунти (1,2 милиони долари) од роднините на Осама бин Ладен, поранешниот лидер на терористичката организација „Ал Каеда“, објви „Тајмс“.
Според весникот во 2013 година Чарлс лично се сретнал во неговата резиденција во Лондон со бизнисменот Бакр бин Ладен, кој го предводи големиот градежен конгломерат „Binladin“.
Советниците на принцот потоа советувале да ги одбие донациите од полубратот на Осама бин Ладен, но најстариот син на кралицата Елизабета Втора го игнорираше советот.
Принцот Чарлс примил 3 милиони евра во кеш од катарски принц
Иан Чешир, шеф на добротворната фондација на принцот Чарлс, тврди дека аранжманот за примање донации од семејството Бин Ладен бил целосно одобрен од петте повереници на организацијата.
