Со пригодни свечености, Прилеп, денеска одбележува 77 години од ослободувањето од фашистичките окупатори и оставрувањето на вековните стремежи за национална слобода.
„Се поклонивме и им оддадовме почит за нивното херојство, нивната жртва што ја дадоа за својот град. Им благодариме за идеите, за потребата да си свој на своето. Ветуваме дека како генерација ќе се грижиме за почитта кон нив да не биде заборавена, но и да го вратиме сјајот на Паркот на Револуцијата, изграден во нивна чест, како и на сите споменици на културата“- истакна новиот градоначалник Борче Јовчески.
Чествувањата продолжуваат со вечерашното доделување на Свечена седница на најпрестижното општинско признание – Третоноемврските награди. Годинава се доделуваат вкупно 11 награди, или 4 плакети и 7 Дипломи на заслужни прилепски правни и физички лица.
