Приказна за Балашевиќ, Албанците, полувистините и мирот

Приказната за Балашевиќ и Албанците ни кажува прецизно зошто национализмот е опасен и деструктивен. Тоа покажува дека не знаеме едни за други, пишува професорката Газела Пудар Драшко од Институтот за психологија и социјална теорија на Белградскиот универзитет.

Таа реагира во врска со нападите на дел од албанските јавни личности врз починатиот Ѓорѓе Балашевиќ кој се обвинува дека во песната “Не ломите ми багрење” зборува за агресивност на албанците на Косово против Србите пред околу 40 години.

Според Пудар Драшко примерот со нападите на Албанци врз Балашевиќ покажува дека негуваме идеи засновани на лични приказни во околината, на полуинформации, искривени информации, честопати на пропаганда.


“Не знам ништо за Балашевиќ, освен неговите прекрасни песни и писма. Знам дека застана против национализмите од сите видови. Сигурно тој направи грешки. Сите ние правиме. Но, дозволете ни да разбереме зошто тој беше важен за огромен број луѓе, како и зошто има дел од поранешната Југославија кој се чувствува поинаку. Важно е да разбереме и прифатиме за да можеме да продолжиме понатаму. Исто така е важно да се дозволи простор за поплаки бидејќи ова е знак на почит кон другиот и тоа е важен чекор кон мирот. Ајде сите да се потрудиме кон одржлив мир”, пишува српската професорка во постот упатен кон Албанците што го напаѓаат Балашевиќ за национализам.

Поради својата пацифистичка мисија и судирот со Милошевиќ Балашевиќ беше амбасадор на добра волја на ОН.