Сограѓанин и семеен пријател на фамилијата на премиерот Ковачевски а сега политички ривал Иван Стоиљковиќ со другарска порака до шефот на владата кој денеска остана сам во собранието каде што не го слушаше ниту неговата пратеничка група од СДСМ.

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија врз основа на однесувањето на пратениците на СДСМ кои не го удостоија со присуство својот партиски шеф му претскажува лоша политичка судбина на премиерот.


,Зборува претседателот на македонската Влада Димитар Ковачевски, а столчињата на пратениците кои го чинат парламентарното мнозинство празни. Колективно отсутни! Како велат една слика, милион зборови….

Почитуван пријатељу Димитар Ковачевски, сликава ме потсетува на крикот на поранешниот претседател Киро Глигоров во една политичка криза кога на своите подржувачи и граѓаните им се обрати со веќе култната реченица “не ме оставајте сам”!

Најдругарски кон тебе и со почит кон семејството Ковачевски, знаеш дека можам да наредам дузина поразителни аргументи за да ја објаснам сликата која ја гледам, но ќе ти порачам само едно, “политичките пирани” немаат милост, не само дека ќе те изглодаат до коските, туку и трајно ќе ти ја закачат вината за нивните гревови.

За останатото, сам си знаеш, доволно си возрасен и имаш добар советник во ликот на татко ти… “па видите ви то тамо и нека то буде тако”, велеше чика Јоле Секуловиќ”, стои во другарската порака на семејниот пријател на фамилијата Ковачевски.