Прибе ќе се крсти да знае за партизацијата во Македонија

„’НАШЕ ДЕТЕ’ Е ПОСИЛНО ОД ‘КВАЛИФИКУВАНО ДЕТЕ’ е насловот на анализа на проектот Рефлектор според која 76 % од директорите поставени од владата на почетокот на годината.

Дури 29 од 38 новоназначени раководни лица кои ги постави владата во 32 државни претпријатија, се јавуваат во разни јавно достапни листи на членови, органи, работни тела, комисии, секции или ограноци на партиите од владејачката коалиција, објавил Рефлектор на средината на март.

Во двата извештаи на европскиот експерт Рајнхард Прибе во последниве 5 години една од главните забелешки за земјава беше партизација на администрацијата, процес кој што не само што не запира туку и се засилува.