При само 67 нови позитивни на Ковид-19, дури 31 починат

Во последното деноноќие во Македонија починаа 31 заболен од Ковид-19, а регистрирани се 67 нови позитивни случаи од 1.169 тестирања.

Деветмина од починатите се од Скопје на возраст од 42, 64, 68 ,68, 72, 73, 77, 77 и 86 години, четворица од Тетово (66, 73, 75 и 78), тројца од Велес (64, 72 и 73), по двајца од Битола (43 и 68), од Охрид (45 и 87), од Струга (54 и 64) и од Берово (43 и 82) и по еден од Куманово (59), од Прилеп (70), од Кавадарци (82), од Кочани (63), од Радовиш(60), од Виница (67) и од Пробиштип (71). Од починатите, 28 се во болнички, а 3 во домашни услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.