Полицијата во Дортмунд по пријава за кражба фати на дело петмина, меѓу кои и 53-годишен државјанин на Македонија со 18 лажни идентитети.
При проверката на документите за идентификација на петтемина, од кои двајца на возраст од по 21 година и по еден на 35 и на 37, кај највозрасниот меѓу нив се најдени и возачка дозвола издадена во Швајцарија и фалсификувана лична карта од таа земја.
Групата му станала сомнителна на продавач во стоковна куќа во саботата попладне, кога еден куфер од изложените во продавницата оставиле во аголот, а потоа во него ставиле неколку парчиња облека и два чифта чевли. со вкупна вредност од 1.000 евра на сите производи. Со куферот тргнале кон излезот и тогаш биле запрени од полицајците претходно алармирани од продавачот. Во полиција потоа откриле дека слично дело направиле три дена претходно во Минстер.
Македонскиот државјанин со 18 лажни идентитети ќе биде депортиран во Македонија, а другите четворица се пуштени од притвор.