Преживеале холокауст, но не и корона

Околу 900 преживеани од холокаустот починале во 2020 година од Ковид-19, објави Централното биро за статистика на Израел.

Бројот на починатите беше објавен во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Како што е наведено, околу 5.300 преживеани од масовното убиство на европските Евреи извршено од нацистите и нивните соработници во Втората светска војна, биле заразени со вирусот корона минатата година.

Околу 17 проценти од заразените починале, што е слично на процентот на други смртни случаи на иста возраст.

Сите преживеани од холокаустот се на возраст од најмалку 75 години и короинавирусот е особено смртоносна за постарите лица.