ктивистите од иницијативата „Го сакам Водно“ сметаат дека претседателските кандидати треба да дадат „зелена заклетва“, со која оној што ќе биде избран за претседател ќе се обврзе дека ќе биде предводник во заштита на природата, шумите и животната средина што произлегува од неговите обврски како заштитник на народот. Со употреба на армијата и преземање на одлучна акција може да се спаси фондот на шуми.

„Претседателот на земјата претставува врховен командант кој има ингеренции во рамки на нормалното функционирање на државата така да во услови на загрозеност на животната средина тој може и мора да влијае во една таква борба. Сепак, улогата на претседателот е заштитник на народот и земјата кои ги претставува и како таков треба и да предничи во таа борба“, велат активистите во интервју за „Фактор“.