Претседателот треба да има и слика и тон.
Оваа порака на социјалните мрежи пред 9,5 години ја објавил Стево Пендаровски кој со тоа го критикувал тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов од кого подоцна загуби на претседателските избори.
Една деценија подоцна Пендровски стана предмет на сопствениот потсмев кога како претседател нема ,,ниту слика, ниту тон” односно ги потпишува сите катастрофални закони што ги усвојува владата на СДСМ и ДУИ.
За Пендаровски е вообичаено да менува ставови и со тоа да се понижува пред јавноста и пред себе но останува отворено прашањето како се чувствуваат над 2200 луѓе кои тогаш ставиле лајк на овој статус на Пендаровски на Фејсбук и Твитер а сега гледаат дека човекот за кој гласале ,,снемал слика и тон”?
Претседателот треба да има и слика и тон!
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) March 20, 2014