Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, ќе поднесе оставка на 13 јули, објави локален интернет портал.
Изворот се повикува на претседателката на парламентот Махинда Јап Абејварден.

Стотици илјадници луѓе од целата земја вчера маршираа кон главниот град Коломбо со барање Раџапакса да поднесе оставка поради лошо справување со економската криза во земјата.
Главните луѓе на владејачката партија на Шри Ланка на вонреден состанок одлучија функцијата претседател привремено да ја преземе претседателот на парламентот поради политичката криза.
Во меѓувреме, премиерот на Шри Ланка Ранил Викрамасинге претходно во саботата објави дека е подготвен да се повлече.
Неколку часа подоцна, демонстрантите упаднаа во неговата резиденција и ја запалија.
