Власта преку Талат Џафери го опструира носењето закони со кои ќе се даде финансиска поддршка за најпогодените од корона кризата. Вистината е дека НЕМААТ ПАРИ затоа го прават ова во Собрание. Не сакаат да поминат законите зашто немаат пари да исплатат на граѓаните. ГИ УКРАДОА!

Ова го тврди претседателот на Националниот совет за европски интеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски по вечерашната седница на Собранието на која спикерот Џафери не закажа седница за пакетот 5 мерки со образложение дека нема кворум поради болни пратеници.