Претседателот на МАНУ е опасен затоа што не лаже – пишува Горан Момироски

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев не лажел кога зборувал за опасноста од укинување на таканаречените “македонски” катедри на “Блаже Конески” при УКИМ.

Професорот Коцарев сум го сретнал еднаш и не можам да кажам дека го познавам, но прв пат кога го слушнав знаев дека ќе се соочи со многу премрежија како мета на жестоки напади од власта.

Искуствата со жестоките напади врз други академици кои стојат на браникот на македонските национални интереси како академик Катица Ќулавкова, јасно ја исцрта линијата по која ќе се движи и војната на СДСМ со академикот.

Проблемот со првиот човек на МАНУ не е што тој предупредил на опасноста од укинување на две катедри на Филолошкиот факултет Блаже Конески при УКИМ.

Проблемот на Коцарев, кој е меѓу 2 % светски научници со најмногу цитати во земја во која владеат медиокритети и нејнајковци, има поинаква позадина.

Коцарев е опасен за власта затоа што по научната кариера на светско ниво не е подложен на нечисти пазари за тендери, трговија со вработувања, за пари или бизниси. Затоа што Македонија не ја гледа како предмет на трговија туку како идеја за која вреди се бори, дури и кога гледа како подопашниците на власта и механизмите на владеачката партија слепо ги извршуваат наредбите за жесток напад врз него.

Претседателот на највисоката научна институција во Македонија е опасен за власта затоа што не прави компромис со Македонија. И затоа што во иднина, во рамки на неговата моќ, нема да дозволи било кој друг да прави компромис за Македонија.

Одбивањето да го промени името на МАНУ, најавата за ревизија на Преспанскиот и Бугарскиот договор врз основа на принципите на меѓународното право и најавата МАНУ догодина симболично да слави 120 годишнина од основањето од страна на Крсте Мисирков и Димитрија Чупоски.

Тоа се вистинските причини зошто академик Љупчо Коцарев е еден од најопасните противници на Зоран Заев и неговите гавази.

Двајца професори на Филолошкиот факултет во Скопје лично ми потврдија дека документот со кој се предвидува укинување на двете “Македонски” катедри на “Блаже Конески” постои и е уредно заверен како документ во архивата на деканската управа.

Предходно ова го изјави и професорката Јасна Котеска што укажува дека Коцарев не само што не лаже туку дека е и многу внимателен и смирен кога расчистува со обидите за укинување на македонските симболи на универзитетот.

Засега никој од професорите на Блаже Конески не сака да го даде документот од кој се гледало дека со новата структура на Блаже Конески би се укинале двете катедри.

И Коцарев одбива во детали да проговори за овој план, во обид да ја смири топката во научната фела која во услови на крајно сериозна политичка тензија со Бугарија која бара макеоснските да се е прогласи за бугарско, не најде начин да го надмине проблемот што е повеќе административен отколку политички или научен.

Одговорноста за тоа е пред се кај деканката на Филолошкиот факултет која упорно молчи за случајот и со тоа (не)свесно дава логистичка поддршка за војната што власта ја води против академик Коцарев.

Таа војна претседателот на МАНУ не може да ја загуби, затоа што на своја страна ги има родољубите, вистината, правото и науката.