Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека го изгубил сеќавањето откако паднал во бања поради што бил и хоспитализиран.
„Се лизнав и паднав на грб. Тоа беше незгоден удар“ рече претседатѕелот за инцидентот што се слушил во неделата…
„Во тој момент го изгубив памтењето. Следниот ден многу работи ми се вратија и сега сум добро. На пример, не знаев што правев во понеделникот“, рече бразилскиот претседател.
64-годишниот претседател рече дека се
чувствува добро, но додаде дека падот и староста се опасна комбинација.
Од стапувањето на функцијата претседател на 1 јануари, Болсонаро имаше четири
операции откако беше прободен со нож во напад за време на претседателската
кампања.