На прашањето околу азилот што го доби поранешниот премиер кој е во Унгарија од 2018 година, Никола Груевски, претседателката на Унгарија Каталин Новак, која денеска престојува во официјална посета на Македонија, вели дека тоа е предмет на унгарското правосудство:

„Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство и јас за тоа многу се радувам дека во рамките на мојата посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на држава се развива успешно и дека имаме добра основа и понатаму да се гради и развива и дека односите меѓу унгарските и македонските граѓаните се на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања и на никакви криминални односи“, одговори Новак на прашањето од „Макфакс“.