Виктор Стојанов, на кого од му е забранет  влез во Македонија, преку Фејсбук понуди награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците кои вчера приведоа тројца бугарски државјани на граничниот премин Деве Баир.

Стојанов е претседател на бугарската „Фондацијата Македонија“, а наградата ја понуди на неговиот фејсбук профил.

Тројца бугарски државјани вчера упатуваа недолични зборови и се обидоа да нападнат полицајци и ги вреѓаа. Тие беа приведени, а групата што ги придружуваше одлучи да не влезе во Македонија.

Стојанов, во друга објава на Фејсбук синоќа побара воведување економски санкции за Македонија.