Претседател на бугарска фондација му се заканува на Пендаровски!

Претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, упати директна закана до македонскиот претседател Стево Пендаровски кого го обвини за „неонацизам“.

Пендаровски: Да не заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа депортирани во Треблинка

Во објавата на ФБ тој напиша дека претседателот Пендаровски ќе одговара за неговиот неонацизам.

„Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија!

А, Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе го разбере“! објави претседателот на антимакедонската Фондација Македонија.