Пресврт во ЈО: Обвинителка испрашувала обвинителка

Поранешна обвинителка на СЈО ја викнала на распит главната обвинителка за организиран криминал и корупција.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека пред 2 дена давала исказ за случајот со бегството на поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков. Таа информираше дека предметот го води обвинителка е Ленче Ристоска.

Русковска посочи дека за Мијалков не бил побаран притвор кога се даваа завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“, бидејќи немало законска основа. Таа истакна дека Мијалков ги почитувал мерките и редовно се јавувал на секое рочиште.

Мијалков на 26 февруари доби 12 години казна затвор за „Таргет-Тврдина“ и оттогаш се наоѓа во притвор.