Пресврт: СДСМ тврди дека и Бугарија дава поддршка за преговори со ЕУ (ВИДЕО)

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска тврди дека Бугарија и сите други земји членки на ЕУ и даваат поддршка на Македонија за почеток на преговори за членство.

Лукаревска која не може да не знае за бугарските позиции и ветото кон Македонија во својата изјава вели дека Бугарија ја поддржува Македонија и дека сега на ред е ЕУ.

Заменичката на Заев ги поздравува “позитивните сигнали кои што стигнуваат овој период кои што ги слушаме” но не открива од каде доаѓаат сигналите и што содржат тие.

“Имаме позитивен извештај, имаме позитивна одлука, имаме поддршка и одлука нели од сите 27 земји членки на ЕУ сега на ред е всушност и Европската Унија да го испорача она коешто е ветено, тие се очекувањата”, изјави вчера Лукаревска на прес конференција и ја збуни јавноста со тврдењето дека меѓу земјите кои даваат поддршка е и Бугарија која според неа како и другите членки веќе донесла одлука.