Пресуда на Стразбур може да ја урне Спогодбата со Бугарија

Пресуда на Судот за човекови права во Стразбур може да ја поткопа целосно Спогодбата за пријателство со Бугарија потпишана според која Македонците во оваа земја немаат право да бараат права како припадници на македонска етничка заедница.

Ако се биде завршено согласно меѓународните документи со признавањето на овие права од Стразбур што е спротивно на Договорот тој може да падне затоа што Бугарија мора да ја спроведе пресудата на меѓународниот суд за човекови права.


Случајот наречен „Радонов против Бугарија“ се одвива пред Судот за човекови права во Стразбур, пишува во опширната анализа Нова Македонија.

Процесот трае шест години и има голема веројатност да заврши годинава, во октомври.

Соговорник на Нова Македонија, адвокатот Тони Менкиноски, вели дека Македонците во Бугарија се пред историска победа пред Судот за човекови права во Стразбур од каде што се најавува пресуда во корист на барањето за регистрација на „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“.

Адвокатот Менкиноски нагласува дека позитивната пресуда за Македонците не само што ја задоволува правдата, туку има и силни политички референци, односно дека Македонците во Бугарија може да ги потврдат својата посебност и својот етнички идентитет.

Пресудата на Судот во Стразбур ќе треба да утврди кршење на членот 11 од Европската конвенција за човекови права, а тоа ќе значи дека Бугарија го признава македонското малцинство и дозволува да се регистрира македонско здружение.

Адвокатот Менкиноски вели дека тоа би била очекувана правна разврска на овој долгогодишен случај, притоа потсетувајќи на случаите со ОМО „Илинден“, ОМО „Илинден-ПИРИН“, и на други случаи поврзани со правата на Македонците во соседните држави.

– Според мене, ние одиме кон конечна многу позитивна пресуда. Јас овој случај го водам про боно, без никаков финансиски надомест, затоа што сметам дека овој случај ќе покаже дека секогаш треба да се искористат правните средства и механизми. Од друга страна, ова е начин и за битка против двојните стандарди и критериуми од кои страдал Македонецот во Европа. Можеби со оваа пресуда Судот во Стразбур нема да ја фрли Бугарија на колена, но таа ќе се соочи со пресуда од која повеќе нема каде да бега и тоа во период кога треба да се примени спогодбата за добрососедство. Бугарија е во постмониторинг-процес во одредени области, и таа како правна и демократска држава се тестира токму на членот 11 од ЕКЧП, односно правото на слобода на здружување – вели за Нова Македонија Менкиноски кој 6 години со својот тим работи на случајот бесплатно.

Целата анализа на овој линк