Пресретнат пакет со отровот рицин наменет за Трамп

Федералното истражно биро (ФБИ) и американската тајна служба, овластени да го штитат претседателот на САД, покренаа истрага за пресретнатиот пакет со отровот рицин наменет за Доналд Трамп.

„Два теста потврдиле присуство на рицин во пакетот испратен неделава и пресретнат пред да стигне во поштенската соба на Белата куќа. Секоја пошта се се сортира и прегледува надвор од објектот пред да стигне во резиденцијата“, извести Си-Ен-Ен.


Весникот „Њујорк тајмс“, пак, цитира официјално лице дека пакетот потекнува од Канада.

Рицинот е високо токсично соединение екстрахирано од рицинусовите зрна, кое се користи во терористички напади, при што може да се употреби во облик на прав, гас, киселина или во цврста состојба.