Македонско друштво „Илинден”-Тирана и Македонско друштво „Илинден”- Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо да работи 24 часа.

Граничниот премиен беше отворен во мај 2013 година Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа одлука граничниот премин да работи без прекин,што не е случај.

Движењето е посебно тешко во зимскиот период кога и преминот работи од 08 до 18 ч со оглед на ситуацијата во зимскиот период движењето е повеќе ограничено и од природни околности како што се самите ниски температури и врнежи од снег и создава големи проблеми во комуникацијата во областа Голо Брдо.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана и Македонско друштво „Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо – стои во соопштението потпшано од претседателот Никола Ѓурѓај и на петседеателот на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.