„Јас не посочив конкретно ниту еден медиум, што може да се потврди од снимката на мојата изјава, но сепак, доколку некој се препознал во тоа што го кажав и има потреба од извинување, тогаш го има моето извинување“.

Ова беше дел од однапред подготвениот одговор на премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали ќе им се извини на телевизиите „Алфа“ и „Телма“ откако завчера ги посочи како една телевизија која работи како партиски штаб и една телевизија која како да е трговец со енергенси.

Запрашан и како на меѓународниот факто ќе му го објасни својот напад кон медиумите и како дошол до заклучокот за „дејствување како партиски штаб и за тргување со енергенси“, Ковачевски елаборираше…

„Слободата на медиумите од една страна и објективното новинарско изведстување во демократско општество од друга страна се исклучително важни во едно демократско општество.

Ние политичарите имаме одговоронст да го исполниме ова и да создадеме услови за слободно и непристрасно дејствување на медиумите и независност на уредувачките политики и нивна самостојност како медиумите.

Од друга страна медиумите имаат обврска за објективно и целосно инфомирање на јавноста“, рече премиерот.