Kосовскиот премиер, Авдулах Хоти информираше синоќа дека е позитивен на Ковид 19.
„Денеска го извршив тестот за Ковид 19 и резултатот е позитивен. Немам симптоми, освен една мошне лесна кашлица. Од вечерва сум во изолација, во наредните 2 недели. Обврските ќе ги извршувам од дома“ – напиша Хоти синоќа на Фејсбук.