Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има предност од речиси 3 проценти пред премиерот Димитар Ковачевски во најновото мерење на популарноста на лидерите на политичките партии.

Ова го покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет Вижн.


Анкетата покажува дека Мицкоски има стабилна предност пред Ковачевски кој поради својата функција има речиси автоматска поддршка од дел од населението. Со други зборови поради постојаното присуство во јавноста и влијанието на јавноста на функцијата премиер политичарот што ја имаа оваа функција по изборот за шеф на владата автоматски добива неколку проценти доверба.

Анкетирањето било спроведено од 6 до 16 февруари со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.067 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

СДСМ веќе не може да го стигне ВМРО-ДПМНЕ во партиски рејтинг

Расте предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, анкета на Маркет Вижн