Премиерот Димитар Ковачевски загрозил стотици свој сопартијци на пикникот на Пеленица со непочитување на основите хигиенски и здравствени правила на државата.

Според фотографијата која ја објави неговата партијата се гледа дека Ковачевски во придружба на партиското обезбедување и други лица влегол во просторијата каде на партискиот пикник на Пеленица се подготвувал ручек за стотина луѓе, членови на СДСМ.


Според стандардот на Агенцијата за храна и ветеринарство лица кои немаат соодветни лиценци за подготвување на храна не смеат да бидат допир или во просторија каде што се готви храна.

Владиниот протокол морал да го предупреди премиерот дека не смеел да дојде до казаните со храна.

Доколку Ковачевски е носител на некоја бактерија, вирус или пак е заболен од некоја заразна болест преку храната до која дошол на еден метар растојание може да ги зарази сите други присутни што е казниво според Кривичниот законик.

Ковачевски нема лиценца за готвење ниту пак има соодветни лиценци за да биде во близина на места каде се подготвува храна.

На потег се инспекциските служби кои доколку го почитуваат законот мораат да ги казнат организаторите на пикникот на СДСМ кои дозволиле неовластени лица да појдат во контакт со храната која ја користеле стотина луѓе.

Во објавата на СДСМ каде што објавена фотографијата на Ковачевски до казаните за храна стои дека оваа партија 32 години го обликуваа нашиот досегашен пат како суверена, независна и демократска држава.

,За СДСМ изминативе 32 години ја потврдија посветеноста на државничките успеси, на напредокот, прогресот и доброто за граѓаните. За многу години нека е Денот на независноста. Традиционален пикник и народен собир во Пеленица”, стои во објавата која покажа дека Ковачевски не ги почитува основите здравствени и хигиенски правила.

Поврзана вест

Таче сам за една вечер троши колку просечно македонско семејство за цел месец

Не грижете се, Ковачевски одмара во луксузен хотел каде една вечер по лице е 450 евра

Шефот на дипломатијата признава дека и со исполнување на бугарските барања Македонија може да не биде членка на ЕУ

Скандалозно: Османи прифаќа неполноправно членство во ЕУ а инсистира на уставни измени