Премиерот контра Рашковски: Призна ли Заев дека секретарот набавил свој софтвер

Премиерот Заев го стави во исклучително лоша ситуација својот секретар Рашковски со изјава која укажува дека екс генералниот секретар на Владата набавил софтвер кој лично го патентирал.

Од изјавата на Заев се открива дека Рашковски како “генсек” го платил софтверот од иноваторот Рашковски но не платил за патентот туку само за дигиталниот систем од сообраќајни казни кој доаѓа од фирмата Инвока создадена две недели откако беше формирана оваа влада во 2017 година.

За разлика од Рашковски кој предходно негираше било каква врска меѓу неговиот патент и софтверот што го купил како генерален секретар, Заев инсистира дека не треба да се окриви секој што патентирал систем и бесплатно го отстапил на користење на државата.

Заев зборувајќи за Рашковски вели дека луѓето што се инвентивни и требаат на државата, но додаде дека ако имало неетичко постапување или прекршување на законите ќе побара оставка од Рашковски.

„Однапред сакам да ставам ограда дека не треба секој да биде обвинуван, заради тоа што претходно имал создадено свој систем, го патентирал како систем, односно како процес, одредено право го отстапил бесплатно, нормално на користење на својата земја и дека на тој начин е забрането да се спроведува постапка, за да се набави таков систем, таков софтвер за потребите на државата. Сакам да ја испратам пораката дека луѓето, коишто се инвентивни во државата, коишто се докажале во својот приватен и професионален план и требаат на државата да бидат ангажирани, но ако било кој се огрешил пред законот или има барем неетичко постапување во делокругот на своето работење, сум тој којшто ќе преземе директно понесување одговорност за таквиот човек којштонаправил такво однесување, односно ќе побарам оставка или негово разрешување“, изјави денеска премиерот.

Заев изјави дека лично се уверил за законитоста на набавката од Рашковски и тврди дека нема ништо спорно, но апелира надлежните институции да го проверат случајот.

„Очекувам било која од надлежните институции да направи проверка, како ДКСК, соодветното обвинителство, прочитав дека едно од јавните обвинителства упатува до МВР да направи истрага, слободно нека направат истрага, затоа што лично јас проверив, постапката е целосно законито направена и набавен е софтвер по пат на конкуренција, каде од 8 милиони предвидени во буџетот се потрошени 5 милиони денари за набавка на таков софтвер кој има мултифункицонална примена и стои на располагање. Апелирам секоја надлежна институција, којашто постои во државата за проверка на законитоста на постапката да направи конкретно проверка и да достави извештај. Јас, како претседател на Владата којшто го има именувано за еден од секретарите во мојот кабинет, ќе постапам директно доколку има какво било прекршување на законот“, изјави Заев.

Минатат недела Рашковски, преку фејсбук негираше било каква поврзаност меѓу неговиот патент и софтверот за кој платил 80 евра пари на граѓаните.

„Категорично демантирам и отфрлам каква било поврзаност или корелација меѓу моите патентирани идеи со набавките кои Генералниот секретаријат на Владата ги има реализирано во времето кога јас бев Генерален секретар“, рече Рашковски.

Од досегашните изјави на повеќе институции и лица може да се заклучи дека во случајот Неупотребен софтвер на Рашковски има низа сомнителни аспекти кои веднаш навестуваат на сериозна корупција и организиран криминал.

Без поддршка или премолчување на лица и институции Рашковски сам не можел да набави софтвер кој никој не го користи.

На 09.03. МВР изјави: Не знаеме за набавката и не планираме да го користиме софтверот

На 10.03. Заев изјави: Ќе покажеме документи дека софтверот е купен со причина.

До денска премиерот не покажа такви документи

На 17.03. Обвинителката Вилма Русковска најави: Ако не постапи никој, ние ќе го гониме Рашковски

На 17.03. Премиерот Заев призна: Рашковски го отстапил софтверот бесплатно

По изјавата на Заев Русковска нема друг избор освен да започне истрага за Рашковски затоа што станува очигледно дека софтверот кој не се користи е авторско дело на блискиот соработник на премиерот.