Изгледа дека култот на личноста на претседателите на СДСМ традиционално се гради од Битола. Не е јасно зошто е тоа така, зошто токму Битола е ендемско подрачје за вакви работи, пишува Плусинфо.

Но, сите се сеќаваме како Васко Ковачевски, сегашниот директор на ЕСМ, а поранешен претседател на битолската организација на СДСМ, своевремено го воспеваше лидерот Зоран Заев.


На челната позиција на битолските социјалдемократи сега има „ново дете“. Се вика Драган Крајовски. Роден е во 1985 година. Правник е, со положен правосуден испит и со магистратура. Од 2017 година до денес успешно ја извршува функцијата директор на Казнено-поправната установа Затвор Битола.

На последната трибина на СДСМ во Битола, вознесен од успесите на својот лидер Димитар Ковачевски, тој му се обрати директно, со зборовите: „Вие сте херојот на денешницата!“.

Погледнете го тоа видео кое кажува многу:

https://www.facebook.com/ilievski/videos/647654503503088/?t=0