Точно на пладне пред споменикот „Прилепски бранители“ денеска започна предупредувачкиот протест на тутунопроизводителите.

Тие се незадоволни од бавниот откуп и ниските цени на тутунот: Од 23 илјади тони колку што тежи годинашниов род на тутунот досега се откупени само 250 тони по просечна откупна цена од околу 135 денари. Лани пак во истиот период биле откупени 10 илјади тони по просечна откупна цена од 220 денари, тврдат од сојузот на тутнските здруженија, пишува порталот Маркукуле.

Од утре, тутунарите најавуваат дури и блокирање на откупните центри доколку се продолжи со откуп по истите цени. ВИДЕО