Предупредување до ,,Шверцерите” од Софија: Не доаѓајте, лошо ќе си минете

Навивачите на на фудбалскиот клуб Левски од Софија ја предупредија навивачката група Шверцери од Скопје да не доаѓаат во Софија.

Националниот клуб на приврзаниците (НКП) на Левски објави соопштение пред реваншот против Шкупи од второто квалификациско коло во Лига на конференции.

Навивачите на Левски порачуваат дека е најдобро навивачите на скопскиот клуб воопшто да не доаѓаат во Софија ако сакаат да немаат проблеми.

„НКП на Левски е со категорична позиција за реванш мечот в четврток. Фановите на Шкупи не треба да доаѓаат. Софија не е место за прошетки, уште помалку после случката од Скопје. Нашата група е со славна историја и гостите нема да си поминат пријатно во нашиот главен град, кој веројатно е најдоброто место кое луѓето од населбата Чаир можат да го посетат во нивниот цел живот.

Одложете го патувањето до Бугарија! Тука нема да си поминете добро. Нека надвладее разумот! Победникот може да биде само еден! И тоа сме ние! Сите на стадион!” – порачуваат навивачите на Левски.

Засега нема најава на ,,Шверцерите” дека ќе патуваат во Софија.