Според новиот образовен концепт за шестто одделение, предметот географија ќе биде поделен на два – ќе се изучува и како дел од природните науки и како дел од општествените науки.
Директорот на бирото за развој, Зекирија Хасипи, за ТВ Телма објаснува дека може во 6-то одделение да предава професор по географија.
„Никој не останува без работа. Со новата концепција, им се овозможува шанса на наставниците да изработат програми од слободни изборни предмети и со тие програми може некој наставник да има полн фонд на часови. Овие предмети ќе ги предаваат истите наставници, ќе бидат модуларни, но секој ќе си го предава својот предмет и својата тема, вели Хасипи за ТВ Телма.
Новина од наредната учебна година е и тоа што историјата ќе се спои со општествените науки, по примерот на петтоделенците.
Историја не се губи, ќе ја има од 6 до 9-то одделение со новиот образовен концепт, изјави Хасипи.
Етика на религии пак останува слободен изборен предмет.