Предлог-законот за амнестија пред пратениците

На денешната 66. собраниска седница ќе се најде предлог-законот за амнестија на лицата поврзани со настаните од 27 април минатата година.

Пратениците на второто читање и по скратена постапка треба да се изјаснат за предлогот за кој владата минатата недела даде негативно мислење.

Законот е предложен од ВМРО-ДПМНЕ.