Предизборни закани се слушаат од Мала Речица до Бихаќка

Во текст со наслов “Тетово ја тресе владата – Ахмети со ултиматум до Заев: Или поддршка за кандидатите на ДУИ, или предвремени парламентарни избори заедно со локалните”, Плусинфо информира за судир во владеачката коалиција за локалните избори.

Од друга страна висок функционер на СДСМ за Плусинфо вели дека се во тек разговори со академикот Абдулменаф Беџети и со бизнисменот Љуљзим Дестани за кандидат за градоначалник на Тетово номиниран од социјалдемократите. Во таков случај, коментарот на функционерот е за кого тетовци ќе гласаат за Теута Арифи од ДУИ, Билал Касами од Беса или за Беџети или евентуално Дестани, пишува Плусинфо.

“Или поддршка од СДСМ за кандидатите на ДУИ во Тетово, Гостивар, Струга, Кичево, Чаир уште во првиот изборен круг или со локалните ќе има и предвремени парламентарни избори затоа што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе ја растури владината коалиција. Ова Ахмети ќе го стави на маса пред владиниот партнер Зоран Заев на средбата која треба да се одржи неделава, вели за Плусинфо висок функционер од ДУИ.

Според порталот заканата следи откако прво, помалиот влади партнер Беса, неофицијално излезе со ултиматум дека ќе ја напуштат Владата ако Заев уште во првиот изборен круг за тие општини го поддржи Ахмети и откако лидерот на СДСМ денеска најави дека сериозно е во игра во Тетово и уште неколку општини битни за Албанците, да номинираат свои кандидати за градоначалници.

Повеќе детали на Плусинфо