Премиерот Димитар Ковачевски рече ќе направи се да обезбеди македонските граѓни пак да имаат поголем стандард од граѓаните на земјите од Источна Европа, кои сега се членки на Европската Унија, објави Фокус.-
„Нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација. Во тоа време имавме подобар стандард и од Словачка, и од Чешка, и од Романија, и од Полска, и од Бугарија, и од сите земји кои што станаа земји членик на ЕУ.
Јас – вели премиерот -ќе ги донесам и предводам сите потребни одлуки кои што ќе обезбедат граѓаните на Македонија повторно да имаат поголем стандард од сите граѓани од кои порано сме имале поголем стандард, бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат.
На тој пат сметам и на поддршката од нашите стратешки партнери, пред се САД и земјите членки на ЕУ“, рече Ковачевски, според „Фокус.
