Пред Владата се појави магаре (ВИДЕО)

Утринава пред објектот на македонската влада на улицата Илинденска во Скопје се појави магаре кое е врзано на еден од сообраќајните знаци.

Засега е нејасно дали магарето дошло за друга намена или се работи за шега поврзана со финансирањето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Лидија Димова на проекти за тренинг на магариња.