Станбена зграда се сруши денес во населбата Врачар, во Белград, а станарите се евакуирани кои со свои очи гледале како се урива нивната зграда.

Според Министерството за градежништво директна причина за штетата биле градежните работи на соседната зграда и дека судски експерт ќе го прогласи урнатиот објект за небезбеден и ќе забрани влез во него.

Се претпоставува дека зградата започнала да се урива бидејќи биле нарушени нејзините темели од градилиштето лоцирано на парцелата до неа.

Како што известуваат српските медиуми, на местото каде се срушила зградата се испратени камиони со песок и камен, со цел да се пополни дупката покрај урнатиот објект и да се обезбеди земја за да нема нови уривања.

Станарка во урнатиот објект во Белград, Зорица Станимировиќ, за ТВ Прва изјави дека утрово забележала пукнатини на плочките во бањата.

“Ги извадив кучињата, кога се вратив, ги повикав работниците кои рекоа дека не е ништо и можеме слободно да продолжиме да живееме” изјавила станарката.

Таа додава дека едвај успеала да ја отклучи вратата од станот која паднала.

“Ми рекоа дека зградата се руши и дека треба брзо да го напуштам станот. Ги зедов кучињата и го напуштив станот. Додека бев на скалите, зградата се урна. Мислам дека сонувам сè, рече таа.Зградата започна да се руши бидејќи беа нарушени нејзините темели од градилиштето лоцирано на парцелата до неа – изјавила станарката.

Станарите наведуваат дека причина за колапсот се веројатно работите на градилиштето во близина, каде околу еден месец се копаат темелите на новата станбена зграда.